BetAdria.com
     
Германија
 
BetAdria.com
Фреди Бобиќ: Сами Кедира сака преселба во Реал Мадрид
Објавено на: 12:27 29.07.2010
од 24fudbal.com.mk
Спортскиот директор на Штутгарт, Фреди Бобиќ изјави дека Сами Кедира им ја соопштил желбата за заминување во Реал па тие сега ќе ја ислолнат желбата на фудбалерот
23 годишниот Сами Кедира силно се поврзува со преселба на Сантијаго Брнабеу откако имаше одлични игри во дресот на Германија на мундијалот во Јужна Африка.

Германскиот интернационалец призна дека е привлечен од идејата да се пресели во ’најголемиот клуб во светот’ Реал Мадрид и да соработува со ’еден од најдобрите тренери во светот’ Жозе Мурињо.

Вчера агентот на играчот изјави дека тие имаат договор со Кралскиот клуб и останува уште Реал и Штутгарт да се договорат за висината на оштетата.

Новиот спортски директор на Штутгарт, Фреди Бобиќ денес изјави дека клубот од Бундеслигата сега ќе се обиде да пронајде решение со Реал Мадрид за трансферот на Кедира откако играчот на разговорот со управата потврдил дека мисли само на преселба во Мадрид.

“Кедира не информираше дека тој сака да се пресели во Реал.” – рече Бобиќ.

“Сега потребно е да најдеме решение. Ја почитугаме одлуката на Сами. Знам дека Штутгарт е блиску до неговото срце, но Реал Мадрид не доаѓа да ве ангажира секој ден.”

За услугите на Кедира, кој има уште една година од договорот, Штутгарт посакува околу 12-15 милиони евра но се шпекулира дека Реал Мадрид ќе се обиде да го комплетира трансферот за 10 милиони евра.

НАЗАД <<<
 


BetAdria.com



 
d