|
Шпанскиот интернационалец силно се поврзува со враќање на Камп Ноу ова лето и покрај тоа што Арсенал не сака да слушне за продажба на својот капитен.
И додека медиумите денес најавуваат дека Цеск Фабрегас уште еднаш на Арсен Венгер ќе му ја соопшти желбата за преселба во Барселона кога денеска ќе се врати во Лондон, каде што утре ќе пристигне и претседателот на Каталонците во последен обид за ангажман на Фабрегас, играчот во интерју за DIR Emotions магазинот уште еднаш потврди колку многу му значи Барселона.
“Јас ум од Барселона. Јас сум ’сосио’ на Блауграна, исто како мојот дедо, мојот вујко, мојот братучед.... Ги чувствувам овие бои уште од мали нозе, јас сум Каталонец.” – рече Фабергас.
“Но во исто време сум и капитен на Арсенал, ’топџија’, каде што созреав како играч и личност.”
Цеск потоа проговори за важноста што Арсен Венгер ја има во неговата кариера, откако стратегот го ангажираше Фабрегас кога тој имаше само 16 години.
“Венгер за мене е втор татко, најважната личност во мојот живот по мојот татко. Тој беше многу добар кон мене ми гледаше како негово дете, како дел од неговото семејство.”
Цеск Фабрегас пред да замине на Светското Првенство веќе одржа еден состанок со Венгер.
“Тој не сака јас да заминам, и мојата последна конверзација со него во Лондон беше еден од најтешките моменти што сум ги искусил. Јас бев многу трогнат.”
|