BetAdria.com
     
СП 2010
 
BetAdria.com
И последната ѕвезда на Nike ги спакува куферите и заминува од Јужна Африка!
Објавено на: 00:08 30.06.2010
од 24fudbal.com.mk
Кристијано Роналдо беше последната ѕвезда Nike од рекламата која ја лансираа пред Светското првенство, но по поразот од Шпанија и тој ги спакува куферите.
Проклетство или не оценете сами, но фактите велат дека сите ѕвезди на Nike од нивната реклама пред Светското првенство се елиминирани од Мундијалот.

Кристијано Роналдо беше последниот кој заминува од Јужна Африка откако Португалија доживеа пораз од Шпанија во 1/8 финалето.

Рибери и Канаваро поминаа најлошо, со срамна елиминација, без ниту една победа, во фазата по групи заврши и настапот на Дрогба но неговата селекција се претстави во подобро издание од Франција и Италија.

Вејн Руни одигра под сите очекувања, Англија доживеа голем пораз од Германија, денеска на листата се придодаде и Роналдо.

И Роналдињо беше дел од оваа кампања, но тој не ни беше повикан во селекцијата на Бразил, којзнае дали Кариоките сеуште ќе беа во Јужна Африка доколку ѕвездата на Милан беше во тимот :).

Во рекламата се појавуваат и Фабрегас, Пике и Иниеста, но не во главна улога.

НАЗАД <<<
 


BetAdria.com



 
d