|
35 годишниот поранешен капитен на Англија, кој е роден во источен Лондон, во моментов е под договор со ЛА Галакси.
Дејвид Бекам се очекува да се врати на терените во следниот месец откако заработи повреда на тетивата и најверојатно повторно ќе се врати во Европа во јануари кога е паузата во МЛС шампионатот.
Долго време Бекам се поврзува со преселба во Вест Хем, и ко-сопственикот на ’Чеканите’ Дејвид Голд е желен да го види ветеренот како става крај на кариерата токму на Аптон Парк.
“Имавме одредени дискусии со агентите на Бекам пред неколку месеци и постои можност.” – рече Голд за The Sun.
“Тој во моментов е преокупиран со неколку проекти но вети дека ќе размисли за можноста да ни се придружи.”
|