|
Шведскиот интернационалец имаше добар старт на кариерата во Барселона но подоцна во вториот дел на сезоната неговата форма падна што придонесе во финишот од сезоната Пеп Гвардиола да го седне Ибрахимович на клубата за резерви.
Откако Давид Виља пристигна на Камп Ноу медиумите почнаа силно да шпекулираат дека Ибрахимович ќе ја напушти Барселона а Милан и Манчестер Сити беа посочени како негови можно идни дестинации.
Но ставот на управата на Барселона секогаш беше дека Ибра не е на продажба а и самиот играч негираше дека заминува.
Денеска на прес-конференцијата во Норвешка каде што вечерва Барселона ќе одигра пријателски натпревар со Валеренга, Ибра уште еднаш потврди дека останува на Камп Ноу.
“Јас сум играч на Барселона и ќе останам во Барселона.” – рече Ибрахимович.
“Пеп Гвардиола ми кажа дека јас сум важен дел од неговите планови и јас продолжувам да работам напорно за да ја одржам довербата што ми се укажува.”
“Шпекулациите не влијаат врз мене бидејќи не се сомневам дека ќе продолжам во дресот на Барселона.”
Ибра лани реши да го напушти Интер поради тоа што сметаше дека со Нероаѕурите не може да стигне до тирум во Лигата на Шампионите и иронично токму Интер без Ибра лани стигна до трофејот од најелитното фудбалско натпреварување.
“Дојдов тука за да ја освојам Лигата на Шампионите и ќе продолжам да работам за остварување на оваа цел.”
|