|
Португалскиот интернационалец зборуваше од прес-конференција во Лос Анџелес, каде што Реал Мадрид е на турнеја и ќе одигра два пријателски натпревари.
Роналдо во вторникот реши да го скрати одморот и пред време да му се стави на располагање на тренерот Жозе Мурињо.
“Тренинзите се многу интензивни и јас ги сакам.” – рече Роналдо. “Гледам дека луѓето се уморни но тоа е нормално. Сепак сите сме возбудени што соработуваме со тренер како Мурињо и се надевам дека ќе го задржиме ова ниво со цел да освојуваме титули.”
За заминувањето на Раул, Роналдо рече: “Раул е играч кој јас го сакав и како личност и како фудбалер, но тој донесе одлука за која мислеше дека е најдобра за него.”
“Тој е одличен капитен, добар професионалец и сигурен сум дека ќе продолжи да игра на високо ниво.”
Сега откако Раул си замина CR9 може повторно да стане CR7 и Роналдо признава дека е привлечен од идејата да го добие дресот со бројот 7.
“Сакам да го имам дресот со бројот 7 и сигурен сум дека Раул ќе биде среќен доколку го добијам овој број, бидејќи јас се идентификувам со него. Тој знае каков сум и како размислувам.”
На прашањето за неговиот сонародник Мурињо, Роналдо одговори: “Го познавам добро, тој е прав победник. Неговите тренинг сесии се извонредни. Тој е искусен тренер, и освоените титули доволно говорат за него.”
“Тој се адаптира на фудбалерите кои ги има на располагање, и бидејќи ние имаме офанзивни фудбалери очекувам да играме офанзивен фудбал.”
Откако Роналдо не освои трофеј во својата прва сезона на Сантијаго Бернабеу, играчот очекува успех во новата сезона.
“Секако дека можеме да ја победиме Барселона, доколку не мислев така ќе бев дома наместо да бидам тука.”
“Во овој момент не се грижиме за Барса. Минатата сезона тие беа поконстантни од нас но сега тоа е минато.“
“Тие се добри но очекувам оваа година ние да имаме подобра сезона. Имам доверба во тренерот и играчите кои ги имаме на располагање.”
Роналдо потоа одговри и на неколку прашања на англиски јазик – првото се однесуваше на Мурињо а второто за Барса.
“За мене Мурињо е еден од најдобрите ако не и најдобат тренер и ние сме среќни со него. Не секој стратег може да се пофали со две титуло во Лигата на Шампионите, титулите говарат се.”
“Голем е предизвикот да се совлада Барселона, но ние имаме и други цели. Мислам дека ќе имаме добра сезона во Ла Лига но и во Лигата на Шампионите.”
|