|
Марадона, кој ја предводеше Аргентина до четврт-финале на Светското Првенство ова лето, повеќе не е селектор на Гаучосите откако вчера ФФА реши да не го продолжи неговиот договор.
Легендата на Аргентинскиот фудбал беше желен да остане на селекторската позиција но само под негови услови односно задржување на целиот негов тренерски персонал.
Сепак ФФА не сакаше да му излезе во пресрет на ваквите барања и извршниот комитет вчера одлучи да не му понуди на Марадона нов четиригодишен договор.
Грондона рече: “Беше тешко да постигнеме договор. Најтешко беше постигнувањето согласнсот за промена на дел од персоналот на Диего.“
“Никој не е избркан. Договорот не беше продолжен бидејќи условите не одговараа.“
Во моментов селекторот на репрезентацијата до 20 години, Серхио Батиста привремено ќе го предводи и сениорскиот состав.
“Немавме време да избереме нов технички персонал. Сеуште не сме размислувале за никого.“
“Батиста е член на составот на ова тело па тој ќе ја пополни испразнетата позиција се додека тоа е потребно.“
Грандона признава дека тој жали за заминувањето на Марадона, и е разочаран што не постигнал договор со 49 годишниот тренер.
“Кога не можете да се договорите со некого што го сакате, не сте среќни. Јас секогаш сакав да разговарам со него, но понекогаш е тешко бидејќи ова не е најдобриот момент.“
Можеби официјалниот став на Грондона е дека тие нема да брзааат со назначувањето на наследник на Марадона но според медиумите од Аргентина, тренерот на Естудиантес, Алехандро Сабела е фаворит за превземање на селекторското столче на Гаучосите.
Како други опции за наследник на Марадона се споменуваат и Симеоне, Бианки, Биелса и Русо
|