|
Интернационалецот од Камерун во поголемиот дел од минатата сезона настапуваше како десно крило и се жртвуваше за доброто на тимот под водство на Жозе Мурињо.
Рафаел Бенитез се надеваше дека ќе може на ист начин да го користи Ето и оваа сезона но очигледно напаѓачот има други планови.
“Се жртвував за Интер, и понекогаш за Камерун како што беше дуелот со Јапонија. Тоа не е проблем за мене, но сакам да играм во централниот дел од нападот. Знам да помагам во одбраната но јас сум напаѓач.” – рече Ето.
“Се надевам дека оваа година ќе можам да постигнам многу погодоци. Мојата работа е да постигнувам пгодоци! Интер ме донесе тука за да постигнувам погодоци.”
“Се надевам дека Бенитез сега нема да ме употребува на позиција со која ќе бидам далеку од голот, бидејќи сакам да играм пред голот како сите напаѓачи. Погодоците се се за напаѓачите.”
“Новаат сезона? Мислам дека можеме да бидеме подобри, ќе биде тешко тоа е сигурно, но со поголема пожртвуваност можеме да успееме во тоа.”
Во меѓувреме вчера во САД каде што е екипата на Интер пристигнаа Сулеј Мунтари, Валтер Самуел, Николас Бурдисо, Жулио Цесар, Маикон и Лусио а ден претходно и Диего Милието.
Рафаел Бенитез сега на располагање го има целиот тим освен Весли Снајдер кој сеуште е на одмор бидејќи настапи на финалето од мундијалот во Јужна Африка.
|