|
Англичаните кога се вратиле во своите соби на луксузниот хотел Ројал Бафокенг начекале неред, а украдени им биле и медалите од ФИФА, дресовите што ги зеле од натпреварот со САД, како и долната облека.
Полицијата за брзо време ги нашла крадиците, кои биле пет вработени во хотелот и по брза постапка биле осудени на по три месеци затвор, а украдените работи им се вратиле на фудбалерите.
Ова не е прва кражба на Светското Првенство, откако предходно беа ограбени новинари и фудбалери од други земји, но во повеќето ситуации полицијата брзо ги пронајде виновниците.
Подготви: Наум Локоски
|