24фудбал

Клосе: Роналдо е најкомплетниот фудбалер во историјата

Мирослав Клосе упати пофални зборови на адреса на Роналдо откако го сруши рекордот на Бразилецот за најмногу постигнати голови на светските превенства

СП 2014

Во вторникот, Германија го прегази Бразил со 7-1 и се избори за финале на СП 2014.

Овој натпревар ќе се памети како најтешкиот пораз на ’Кариоките’, а и средба на која Мирослав Клосе испиша историја и стигна до својот 16 погодок на светските првенства.

Со овој гол, напаѓачот го помина Роналдо и стана најдобрiот стрелец на мундијалите.

Зборувајќи вчера на прес конференција, Клосе упати многу пофални зборови за поранешниот фудбалер на Интер и Реал Мадрид, и истакна дека ’Феноменот’ е најкомплетниот фудбалер во историјата.

„Мојата порака за Роналдо е дека тој беше играч од прва класа” – рече Германецот.

„Играм во Италија, и сите со кои сум разговарал таму велат дека Роналдо бил најдобриот фудбалер што играл во Италија”.

„Според мене, тој е најкомплетниот фудбалер во историјата, имаше се што еден напаѓач може да посака, а исто така беше и одлична личност”.

Роналдо беше на стадионот во Бело Хоризонте кога Мирослав Клосе го сруши неговиот рекорд.

„Сигурно морало да му биде непријатно, го срушив рекордот против Бразил а тој беше и на трибините”.

„Претходно Роналдо ми прати порака ’Клосе добредојде во клубот 15’”.

„Сега јас можам да пратам порка: ’Мирослав Клосе е во клубот 16 и сите се добредојдени да се придружат’”.