24фудбал

Видео: Повредата на Нејмар е лажна?!

Теорија на заговор во Бразил за повредата на Нејмар, Бразилците се сомневаат дека нивната ѕвезда воопшто била повредена.

СП 2014

Интересна сторија, поврзана со повредата на Нејмар ни доаѓа денеска од Бразил.

Бразилците се сомневаат дека Нејмар воопшто е повреден, како поткрепа на ваквите тврдења потенцираат два докази.

Репортери во вторникот го фатиле Нејмар како нормално се шета во својот двор, без никакви проблеми при движењето иако известувањата велеа дека поради повредата тој треба да мирува во кревет.

Второ, медиумите се сомневаат дека со количката во болницата бил внесен двојник на Нејмар, а не фудбалерот, на снимките направени од докторка која подоцна доби отказ од работа, фудбалерот со крпа го покрива лицето, а на десната рака ги немал тетоважите.

Дали има вистина во ваквите тврдења или не, не знаеме. Но не гледаме причина зошто Нејмар би лажирал повреда и би го прекинал настапот на светското првенство.