24фудбал

Бекам: Задоволство е да го гледаш Меси како игра

Легендарниот англиски фудбалер, Дејвид Бекам има само пофалби за Лионел Меси, смета дека тој ќе биде клучниот фудбалер во финалето на светското првенство.

СП 2014

Со четири гола и асистенција, Меси ја предводеше Аргентина до големото финале на светското првенство.

Бекам е свесен за силниот состав на Јоаким Лев, но смета дека Меси е единствената вистинска ѕвезда на финалето.

„Тој е неверојатен. Со начинот на кој играм им дава големо задоволство на луѓето кои го гледаат, и она што го прави посебен е тоа што е тимски играч, добар тимски играч" - вели Бекам.

„Има одлични индивидуални вештини, но победата му значи се. Доколку некој друг од неговиот тим постигне гол, тој е прв кој прославува со него, и мислам дека тоа кажува многу за него".

„Сигурен сум дека играњето за Аргентина му носи голем притисок, но доаѓањето до финале е неверојатно. Тоа му значи многу на него и неговата фамилија, на сите во светот, Меси ќе игра на големата сцена во големото финале и тоа е многу значајно".

„Германија има големо искуство и никој не е изненаден што стигнаа до финалето. Немаат некоја посебна ѕвезда, тие се само една одлична група која заедно игра добро".

„Аргентина има група на талентирани фудбалери кои играат со голема пасија, но Лионел, едноставно возбуден сум кога го гледам како игра"