Категорија: СП 2014 13.07.2014 10:30
По историскиот пораз од 7-1 од Германија, синоќа следуваше нов удар за Бразил, овој пат загубен беше натпреварот за третото место со убедливи 3-0.
Десет примени гола за два натпревари е премногу, но Луис Фелипе Сколари не размислува за оставка.
„Претседателот е тој што ќе треба да одлучи. Ние ќе му го поднесеме финалниот извештај и потоа ќе остане на него да го проанализира и да реши што треба да се направи" - изјави Сколари.
„Не сакам да дискутирам за мојата иднина со вас".
„Мораме да им честитаме на нашите фудбалери и покрај лошиот крај на турнирот. Не одигравме лошо на последниот натпревар".
„Бев селектор на три светски првенства и секогаш завршувавме помеѓу првите четири".
„Знам дека поразот од 7-1 е најголем во историјата. Но можам да видам позитивни работи споредено со 2006 и 2010".
„Кога тим ќе прими седум и потоа ќе прими гол за две минути на следниот натпревар, тоа ви ја менува перспективата".
„Оваа генерација не треба да стравува. Бевме меѓу четирите најдобри на ова светско првенство и минатата година го освоивме Купот на Конфедерации".