24фудбал

Меси: Го играме најважниот натпревар во нашите животи

Лео Меси преку својот фејсбук профил испрати порака во пресрет на големиот финален натпревар против Германија, за аргентинската ѕвезда тоа е натпреварот на неговиот живот.

СП 2014

Лео Меси е на еден чекор до освојување на толку посакуваното светско првенство по кое ќе можат да почнат споредбите помеѓу него и Марадона.

Тој е исклучителен фудбалер, освои четири златни топки во серија, но многумина му замеруваат дека нема успех со аргентинската репрезентација.

„Пред нас е најважниот натпревар во нашите животи за нашата земја. Моите сонови и надежи се исполнуваат со напорната работа и пожртвуваноста на тимот кој дава се од себе од првиот натпревар" - вели Меси.

„Знаевме дека беше возможно. Нашите луѓе, Аргентинците, ни даваа голема поддршка тука. Но сонот сеуште не е завршен, сакам да го освоиме светското првенство и подготвени сме за тоа!"