24фудбал

Германија е новиот светски шампион!

Со гол на Геце во 113. минута Германија по четврти пат стана светски шампион, Германците седнаа на големиот трон, Меси и соиграчите не успеаа.

СП 2014

Германија е новиот светски првак, Панцирите со гол на Геце во финишот од натпреварот со 1-0 го добија големото финале против Аргентина на Маракана.

Сонот на Меси не стана реалност, Аргентина можеше, имаше доволно шанси, но не успеа да ја го освои големиот пехар.

Германија и Аргентина одиграа изедначен натпревар со шанси и на двете страни, но мрежата се затресе само еднаш.

Во првото полувреме Игуаин влезе во идеална можност, сам пред Ноер, но шутираше крај голот, напаѓачот на Аргентина подоцна ја затресе и мрежата, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Германија имаше фантастична можност во финишот од првото полувреме, Ховедес со удар со глава ја погоди стативата од голот на Ромеро.

И во вториот дел иста слика на теренот, Аргентина главно се бранеше, но беше опасна од против напади, Германија се обидуваше да најде простор и да создаде прилика.

Конечно во 113. минута по асистенција од Шурле, Геце одлично ја смири топката на гради и со полуволеј постигна гол за огромна радост на Германците, гол кој значеше се, гол кој значеше четврта титулата за Германија.

Германија сосема заслужено стигнува до големиот трофеј, тимот предводен од Јоаким Лев покажа најмногу на ова светско првенство и седна на тронот кој го меркаше со години стигнувајќи блиску до него.

Лео Меси не успеа на Аргентинците да им го донесе трофејот како што тоа го направи Марадона на времето, но ова не е негова последна шанса.