24фудбал

Меси најдобар фудбалер, Нојер најдобар голман, Родригез најдобар стрелец

Џејмс Родригез ја задржа првата позиција на листата на стрелци, Нојер беше најдобриот голман на првенство, изненадување за фудбалската јавност е наградата за најдобар фудбалер на Лео Меси.

СП 2014

Меси не успеа да го освои толку посакуваното светско првенство со Аргентина, но ФИФА му ја додели наградата за најдобар фудбалер на мундијалот.

Ѕвездата на Барселона е најдобриот фудбалер на денешницата, но општото мислење на фудбалската јавност е дека на првенството барем неколку играчи имаа повпечатливо светското првенство од него.

Златната ракавица за најдобар голман на турнирот му припадна на Мануел Нојер.

На чело на листата на стрелци остана Џејмс Родригез со шест погодоци, Златната Копачка патува кај Колумбиецот.

Пол Погба е најдобриот млад фудбалер на првенството, а Колумбија ја доби наградата за фер плеј.