24фудбал

Марадона: Меси не заслужи да биде најдобар фудбалер на СП

Легендата на аргентинскиот фудбал, Диего Марадона смета дека Лео Меси наградата за најдобар фудбалер на светското првенство ја добил поради маркетинг причини.

СП 2014

Аргентина загуби од Германија во финалниот натпревар на светското првенство, Меси не успеа да го освои мундијалот и да и го донесе големиот трофеј на својата земја, како што тоа го имаше направено Марадона.

„Жал ми е за мојата земја. Голот на Геце навистина болеше" - изјави Марадона.

„Мислам дека дека Аргентина заслужи најмалку пенали. Германија победи поради недоразбирање на нашата дефанзива".

Изненадување синоќа беше доделувањето на наградата за најдобар фудбалер на турнирот на Лионел Меси.

Најголемиот дел од фудбалската јавност не се сложува со одлуката наградата да му припадне на Меси, а еден од нив е и Марадона.

„Кутрото момче. На Лео би му го дал небото доколку можам, но не е добро кога некој ќе освои нешто што не треба да го освои, туку ќе го добие тоа само поради некаков маркетинг план. Не е фер" - вели Марадона.