24фудбал

Мустафи: Нема зборови со кои може да се опише ова чувство

Шкодран Мустафи, фудбалерот со потекло од Гостивар кој го крена пехарот од светското првенство, вели дека сеуште не е свесен што му се случува.

СП 2014

Мустафи е светски шампион, фудбалерот со потекло од Гостивар е под големи импресии од она што му се случи со германската репрезентација, вели дека не постојат зборови кои можат да го опишат чувството.

„Германскиот јазик има многу зборови, но не знам како да го опишам чувството кое го имав во последните минути од средбата" - вели Мустафи.

„За 22-годишен играч не е лесно да разбере што навистина се случи".

„Првите официјални натпревари за германската репрезентација ги одиграв на светското првенство откако во последен момент бев повикан во селекцијата. Сега го кревам трофејот, неверојатно е".

Мустафи е играч на Сампдорија, во Италија замина од Евертон каде не доби голема шанса.

„Во Евертон не играв, ми беше потребна минутажа, па го замолив Дејвид Мојс да ме пушти во друг клуб. Требаше да играм за да напредувам".

„Евертон беа многу професионални со мене и ми рекоа дека не е проблем да ме пуштат бидејќи не играв. Тие секогаш прво гледаат за фудбалерите, а потоа за нив".

„Тоа не е вообичаено. Сакаат да му ја дадат на фудбалерот најдобрата опција, а за мене тоа беше да заминам на место каде што би можел да играм".

„Тогаш направив чекор назад, отидов во Серија Б, каде што тогаш играше Сампдорија, за подоцна да направам два чекори напред и да стигнам таму каде што сум сега".


Комерцијален текст:


24фан шоп: Шампионска маичка од Германија!!!

Совети за обложување: Прати смс, добиј тип и право во обложувалница!