24фудбал

Чудото се случи: Лестер е сензационален шампион на Англија!!!

Тотенхем не успеа да победи на гостувањето кај Челси, натпреварот заврши 2-2, на две кола пред крајот Лестер е новиот шампион на Англија, чудото се случи!

Англија

Лестер е шампион на Англија!!! Тотенхем не успеа да го победи Челси на Стемфорд Бриџ!

За прв пат во својата историја Лестер е шампион на Англија, тимот на Клаудио Раниери вечерва го слави големиот трофеј!

Натпреварот почна одлично за Тотенхем, со головите на Кејн и Сон имаа водство од 2-0 по првото полувреме.

Но Челси го крена нивото на игра во вториот дел, најпрво Кејхил намали на 2-1, а на седум минути до крајот Азар постигна прекрасен гол за изедначување на 2-2.

Резултат кој на Лестер му ја носи титулата во Премиерлигата, каква сензација во Англија! Неверојатна сезона!