24фудбал

Хидинк: Раниери се јави да ми се заблагодари за ремито со Тотенхем

Гус Хидинк откри дека веднаш по мечот добил повик од Клаудио Раниери кој му се заблагодарил за нерешениот резултат против Тотенхем.

Англија

Ремито помеѓу Челси и Тотенхем значеше шампионска титулата за Лестер, а Клаудио Раниери веднаш му се заблагодарил на Гус Хидник.

„Неговиот глас трепереше. Не знам дали заплака. Пет пати ми рече благодарам“ - откри Гус Хидинк на прес конференцијата.

Челси губеше по првото полувреме со 2-0, но во второто полувреме се врати и со головите на Кејхил и Азар донесе историска радост на Лестер.