24фудбал

Поголеми беа шансите вонземјани да бидат откриени отколку Лестер да ја освои титулата

Англиските медиуми ги извадија коефициентите за настаните на кои им се даваше поголема веројатност да се случат отколку Лестер да ја освои титулата во Премиерлигата.

Англија

Пред почетокот на сезоната коефициентот дека Лестер ќе ја освои титулата во Премиерлигата беше 5000. Тоа е убедливо најголемиот коефициент кој некогаш се остварил.

Покрај спортски обложувања, Англичаните секогаш имаат кофеициенти и за други настани. Само неколку примери се доволни за да биде потврдено какво чудо направи Лестер.

Коефициентот дека ќе биде пронајдено чудовиштето од Лох Нес беше 500.

1000 беше коефициентот дека до 2017 година ќе бидат откриени вонзејмани.

Поминаа 39 години од смртта на Елвис Присли но некои веруваат дека тој сеуште е жив. Коефициентот тој да биде пронајден жив е 2000.

А Лестер да стане шампион на Англија беше 5000, ете какво чудо се случи во Премиерлигата!