24фудбал

Лестер го „бутна“ интернетот

Сензационалната титула на Лестер во Премиерлигата беше вистински хит на социјалните мрежи, а вестите за овој тим се читаа како ретко за кој спортски настан.

Англија

Како се доближуваше до големиот трофеј, така Лестер ги освојуваше фановите низ целиот свет. Речиси и да нема фудбалски фан кој не ја слушна приказната за англискиот тим.

За Лестер се пишуваше многу во последните месеци, а кулминацијата се случи во понеделникот по мечот помеѓу Челси и Тотенхем кога беше решена трката за титулата во Англија.

По последниот свиреж на судијата, интернетот „полуде“. Статистиката на твитер изгледа импресивно. За неколку часа биле објавени 5,5 милиони твита на темата Лестер од сите делови во светот.


Активноста на Твитер драстично се зголемила по мечот.


„Експлодираше“ и објавата на Лестер дека се шампиони која доби преку 400.000 ретвита.


Твитер потврди дека тоа бил еден од најпопуларните и најсподелувани твитови во спортот воопшто.

Џејми Варди организираше домашна забава, ги собра соиграчите и во неговата куќа го следеа мечот по кој ја славеа титулата.

Твитер потврди дека зборот „забава“ бил повеќе присутен во понеделникот, откoлку за време на новогодишните забави.

Но не беше само Твитер, во понеделникот Лестер го освои и фејсбук, а убедливо најчитани и најсподелувани од порталите беа вестите за сензационалниот англиски шампион.