24фудбал

Хидинк: Јас бев првиот избор на Лестер, но ги одбив!

Гус Хидинк открива дека добил понуда од Лестер по отказот на Најџел Пирсон, но ги одбил и наместо тој на клупата седнал Клаудио Раниери, останатото е приказна за која долго ќе се зборува.

Англија

Веројатно доколку Гус Хидинк ја прифател работата во Лестер, немаше да бидеме сведоци на историскиот трофеј на овој клуб.

„Вистина е, Лестер сакаше јас да им бидам тренер“ - изјави Хидинк за холандскиот „Де Телеграф“.

„Но одлучив дека ми треба одмор и не сакав да работам ништо“.