24фудбал

Мадридско финале во Милано, Реал го елиминира Манчестер Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид го победи Манчестер Сити со минимални но доволни 1-0 и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите каде ќе игра против градскиот ривал Атлетико.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид беше подобар противник од Манчестер Сити, создаде повеќе шанси за гол, погоди еднаш и заслужено ќе се бори за големиот пехар.

Натпреварот беше решен во 20. минута кога Бејл биеше и со помош на Фернандо и стативата топката влезе во мрежата на Манчестер Сити.

Во самиот финиш од првото полувреме Манчестер Сити преку Фернандињо ја погоди стативата од голот на Реал Мадрид.

Во вториот дел иако Манчестер Сити требаше да брка резултат, Реал Мадрид беше многу поблиску до втор погодок.

Лука Модриќ имаше фантастична шанса, беше сам пред Харт, но голманот на Сити беше поуспешен.

Во 66. минута по центаршут од корнер, Герет Бејл биеше со глава но и тој ја погоди конструкцијата од голот.

До крајот на мечот, Манчестер Сити јалово се обидуваше да дојде до гол кој ќе го однесе во финалето, но не успеа, Реал Мадрид во Милано ќе брка нов голем трофеј.