24фудбал

Рамос: Заслуживме да играме во финале

Серхио Рамос вели дека Реал Мадрид заслужил да игра финале од Лигата на Шампионите по проблемите што ги имаа пред неколку месеци, и им се заблагодари на фановите за големата поддршка

Лига на Шампиони

Реал Мадрид е вториот патник во финалето од Лигата на Шампионите откако вечерва со 1-0 славеше на реваншот против Манчестер Сити.

По волку тешка сезона сега можеме да уживаме – вели капитенот на „Кралевите“, Серхио Рамос.

„Тимот го заслужи финалето од Лигата на Шампионите, како и фановите. Вечерва тие беа нашиот 12. играч

„Ќе го оставиме срцето на терен и ќе го дадеме максимумот во финалето.

„Натпреварите од Лигата на Шампионите секогаш бараат огромна концентрација и денеска одигравме на високо ниво.

„Го елиминиравме Сити, и без разлика што велат другите, тие се тежок противник. Сега треба да уживаме.