24фудбал

Зидан на чекор до историја и влез во друштво на Кројф, Анчелоти, Гвардиола...

Предводникот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има прилика да стане седмиот великан кој триумфирал во Лигата на Шампионите и како играч и како тренер

Лига на Шампиони

Французинот го превзеде кормилото на првиот тим на „Кралевите“ на почетокот од оваа година, успеа да ги консолидира редовите и да го врати Реал на победничките патеки.

Вечерва клубот од Сантијаго Бернабеу обезбеди финале од Лигата на Шампионите, па на Зинедин Зидан му се укажа шанса за кратко време да влезе во историјата на најелитното европско натпреварување.

Откако во 2002 го подигна пехарот од Лигата на Шампионите како играч, тој сега има прилика истото да го стори и како тренер, подвиг кој досега им успеал само на Мигел Муњос, Трапатони, Кројф, Анчелоти, Рајкард и Гвардиола.

Финалето се игра на 28. мај во Милано, а противник на Реал ќе му биде лутиот градски ривал Атлетико Мадрид.