24фудбал

Махрез размислува за заминување од Лестер

Агентот на Ријад Махрез вели дека постои голем интерес за услугите на неговиот клиент, па фудбалерот размислува за заминување од Кинг Пауер Стадионот

Англија

Репрезентативецот на Алжир има фантастична сезона и за добрите игри доби признание од своите колеги и беше избран за Фудбалер на Годината во Премиерлигата.

Одличните партии го привлекоа и вниманието на големите клубови од Англија и Европа, па Ријад Махрез размислува за заминување од Лестер.

„Секако дека постои можност Махрез да замине – вели агентот на играчот, Камел Бенгугам во разговор со Гардијан.

„Кога имате сезона каква што има Ријад, го привлекувате вниманието на големите клубови.

„Тој е среќен во Лестер, следната сезона ќе играат во Лигата на Шампионите па секако дека може да остане.

„Сепак, доколку на негови години ви се укаже прилика да играте за голем клуб, сигурно добро ќе размислите.

„Би рекол дека во моментов шансите се 50/50.

„Има интерес од Англија но и неколку клубови ширум Европа. Ќе видиме што ќе се случи во следните неколку недели.