24фудбал

Махрез сака да остане во Лестер

Според англискиот весник „Експрес“, Ријад Махрез му кажал на Лестер дека сака да остане во тимот и следната сезона.

Англија

Ријад Махрез беше една од клучните алки за шампионската титула на Лестер, неговите фантастични игри му ја донесоа титулата фудбалер на сезоната во Премиерлигата.

Неговото име се поврзува со европските гиганти и силни беа шпекулациите дека тој ќе го напушти Лестер и ќе се пресели во поголем клуб.

Агентот на Махрез изјави дека шансите неговиот клиент да замине се 50-50, но според „Експрес“ фудбалерот има желба да остане.

Весникот пишува дека одлуката на Махрез е конечна, но останува да видиме што ќе се случува во текот на летниот преоден рок и дали Алжирецот навистина ќе одолее на понудите од европските гиганти.