24фудбал

Питер Шмајхел уште еднаш покажа колку е горд на својот син (ФОТО)

Поранешниот легендарен голман на Манчестер јунајтед, Питер Шмајхел периодов е еден од најгордите татковци во светот поради тоа што неговиот син ја освои Премиерлигата со Лестер.

Англија

Питер Шмајхел беше дел од легендарниот тим на Манчестер јунајтед кој ја освои тројната круна. Во неговиот престој на Олд Трафорд тој освои пет титули во Премиерлигата, три ФА Купа, еден Лига Куп и Лигата на шампионите.

Но тој не може да ја сокрие возбудата и радоста поради успехот на неговиот син Каспер кој со Лестер освои сензационална титула во Премиерлигата за која долго ќе се прераскажува.

Последно што направи Питер Шмајхел со што покажа колку е горд на Каспер, ја смени биографијата на твитер, па во описот напиша: „Татко на шампион во Премиерлигата“.


На денот кога Лестер ја завери титулата, Питер Шмајхел имаше серија од твитови со кои ја славеше победата.