24фудбал

Гвардиола беснеел по мечот со Атлетико Мадрид, на мета повторно биле докторите!

Пеп Гвардиола не ја оствари целта да му донесе барем една титула во Лигата на шампионите на Баерн во својот три годишен престој, гневот бил видлив особено по мечот против Атлетико Мадрид.

Лига на Шампиони

Германскиот „Билд“ пренесува дека вистинска драма се случувала во подтрибинскиот простор на Алијанц Арената по крајот на мечот со Атлетико.

Пеп Гвардиола го барал виновникот за поразот, па прстот повторно го вперил кон докторите. Наводно ги прашал како можат нивните колеги од Атлетико Мадрид за толку кратко време да го опорават Годин.

„Годин беше повреден и се врати по само една недела. Не знам зашто моите играчи не се опоравуваат така брзо“ - викал Пеп по докторите кои го возвратиле ударот.

Некој од докторите чие име „Билд“ не го открива му вратил на Пеп, велејќи дека тој на располагање ги немал само Робен и Бадштубер.

„Не можете така да зборувате. Не смееш така да ни се обраќаш. Ова е неприфатливо. Сите ти беа на располагање освен Робен и Бадштубер“.

Според германскиот весник, Френк Рибери ја смирувал атмосферата и благодарение на него ситуација не ескалирала.

Да потсетиме, една од првите работи кои ги направи Гвардиола по неговото доаѓање е смената на докторот Ханс Вилхелм Милер Волфарт кој долги години беше прв во медицинскиот тимна Баерн Минхен.