24фудбал

Ферги: Роналдо може да постигне хет-трик и за Стокпорт Каунти и затоа е подобар од Меси

Легендата на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон на интересен начин објасни зошто верува дека Кристијано Роналдо е подобар од Лео Меси

Останато

Без сомнеж, Лео Меси и Кристијано Роналдо се двајцата најдобри фудбалери на денешницата, но тешко е да се одлучи кој е на врвот.

Во бескрајната дебата за тоа кој е подобар сега се приклучи и Сер Алекс Фергусон, кој на интересен начин објасни зошто верува дека Кристијано Роналдо е пред Лео Меси.

„Немојте да ме разберете погрешно, Меси е фантастичен играч -  вели легендата на Манчестер јунајтед.

„Но има разлика помеѓу Меси и Роналдо и ќе ви кажам која е таа. Мислам дека Меси е фудбалер за Барселона додека пак Роналдо може да игра за Стокпорт Каунти и да постигне хет-трик.

„Тој има сè. Може да шутира со двете нозе, знае да игра со глава, храбар е како лав а има и една работа која луѓето често ја превидуваат.

„Во моето време во Манчестер јунајтед имав среќа да работам со многу луѓе кои напорно работеа со часови послем тренинзите за да станат подобри.

„Гери Невил од просечен стана извонреден фудбалер само поради работната етика, исто како и Дејвид Бекам.

„Но она што го правеше Роналдо ги надминуваше дури и нив, тој комплетно се истрошуваше и сè уште го прави тоа.

„Тој сака само да биде најдобар во светот.