24фудбал

Ангеловски го објави списокот за Азербејџан и Иран, деби за Ѓорѓев и Пешевски

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот со фудбалери на кои ќе смета за пријателските дуели со селекциите на Азербејџан и Иран.

Македонија

Ангеловски започнува со најавеното подмладување на репрезентацијата, во составот се неколку фудбалери од младинската селекција како и дебитантите Никола Ѓорѓев и Дејан Пешевски.

„Мојата идеја е да направиме тим кој ќе биде спој на млаодста и искуството. Дел од фудбалерите кои играа за младата репрезентација се прекомандувани во А тимот бидејќи со своите игри го заслужија тоа. Повик добија и Ѓорѓев и Пешевски кои имаат квалитет да бидат дел од репрезентацијата“ - изјави Ангеловски на прес конференцијата.

Голманот Нилсон поради повреда не е во репрезентација, а го нема ниту Агим Ибраими кој имаше проблеми во Марибор па не настапуваше за словенечкиот тим. Во тимот нема и дел од повозрасните играчи како Мојсов, Глигоров... селекторот потенцираше дека ја подмладува селекцијата, но не се откажува од ниту еден од поискусните.

Репрезентативците собирот ќе го имаат на 23 мај во Скопје, на 29 мај играме против Азербејџан во Австрија, а на 2. јуни со Иран во Скопје.