24фудбал

Атлетико го продолжи договорот на талентираниот Саул

„Колчонероси“ попладнево соопштија дека младиот фудбалер од средниот ред, Саул Њигес ставил потпис на нов пет годишен договор

Шпанија

21-годишниот Шпанец оваа сезона стане клучен играч во тимот на Диего Симеоне, и со добрите игри си обезбеди место во поширокиот список на Висенте дел Боске за ЕУРО 2016.

Импресивните партии исто така го привлекоа и вниманието на неколку клубови помеѓу кои, Барселона и Манчестер јунајтед.

Сепак, Атлетико не сака да се откаже од својата млада ѕвезда и ја продолжи соработката со Саул Њигес до 30. јуни 2021.

„Саул и Атлетико постигнаа согласност за продолжување на верноста за уште една сезона, играчот стави потпис на нов пет годишен договор – гласеше известувањето на клубот од Висенте Калдерон.

За новиот договор, Саул рече: „Среќен сум што ќе продолжам да ги бранам боите на Атлетико.