24фудбал

Јунајтед со „Соломонско решение“, Ван Гал станува директор а Жозе Мурињо нов менаџер

Според денешното издание на „Сан“, лидерите на „Црвените Ѓаволи“ ја разгледуваат можноста Луј ван Гал да биде промовиран во директор за фудбал а Жозе Мурињо да биде назначен за нов менаџер

Англија

Подолго време се најавува дека „Специјалниот“ ќе седне на жешкото столче на Олд Трафорд, но сè уште нема потврда за ова, а Луј ван Гал постојано инсистира дека ќе ја одработи и последната година од договорот.

Според денешното издание на „Сан“, лидерите на Манчестер јунајтед имаат „соломонско решение“ и ја разгледуваат можноста Луј ван Гал и Жозе Мурињо заедно да соработуваат.

Весникот пишува дека на Холанѓанецот ќе му биде понудена улогата директор за фудбал со што ќе се отвори можноста „Специјалниот“ да биде именуван за нов менаџер.

Ван Гал и Мурињо претходно имаат соработувано во Барселона и се добри пријатели.