24фудбал

Извлечени двојките за баражите за пополнување на Втората Лига

Академија Пандев против Гоблен Јуниор, Љубанци - Новаци, додека Вардар Неготино ќе игра против победникот од Западот.

Македонија

Денес во просториите на ФФМ беа извлечени двојките за трите баражи за пополнување на Втората Лига за наредната сезона 2016/17.

Фаворитот за промоција, тимот на Академија Пандев кој беше убедлив на Истокот, за противник го доби победникот на Северот, екипата на Гоблен Јуниор од Куманово.

Единствениот второлигашки претставник Љубанци ќе игра против Новаци кој заврши прв во Третата Лига Југо-запад.

Шампионот на Југот, Вардар од Неготино сè уште не го знае името на својот противник, но се знае дека тоа ќе биде победникот на Третата Лига Запад. Таму не се одигра натпреварот Речица - Вардари од последното коло откако две судиски тројки се појавија да го судат натпреварот. Во зависност од тоа каква одлука ќе биде донесена, доколку натпреварот се презакаже и победи Вардари, тогаш тие ќе играат против Вардар Неготино, а секој друг резултат ќе го однесе Скендербеу во баражот.

Првите натпревари на програмата се на 25. мај (среда) со почеток од 16.00 часот. Реваншите ќе се одиграат на 29. мај (недела) во 16.00 часот. Стадионите на кои ќе се играат натпреварите ќе бидат дополнително одредени.