24фудбал

Манчестер јунајтед му врачи отказ на Ван Гал

Манчестер јунајтед го отпушти Луи ван Гал и неговиот стручен штаб, наскоро Жозе Мурињо ќе биде промовиран за нов менаџер.

Англија

Брзо после освојувањето на ФА Купот, Луи ван Гал се збогува од Манчестер јунајтед, холандскиот тренер доби отказ.

Ван Гал денеска пристигнал на тренингот на Јунајтед каде што му била соопштена одлуката дека повеќе не е тренер на тимот.

Клубот закажа прес конференција во 1 часот на која официјално ќе ја потврди одлуката за отпуштањето на Ван Гал.

Наскоро се очекува Манчестер јунајтед да го промовира Жозе Мурињо како нов предводник на тимот.