24фудбал

Раниери: Целта во следната сезона ни е да избориме опстанок

Менаџерот на Лестер, Клаудио Раниери вели дека тие постакуваат да ја одбранат титулата, но најважно е да останат во Премиерлигата.

Англија

Клаудио Раниери се обидува да остане приземен по сензационалната титула во Премиерлигата.

„Следната сезона ќе биде уште една фантастична сезона поради доаѓањата на Гвардиола, Конте и Мурињо“ - вели Раниери за Мирор.

„Ќе биде тоа многу тешка но многу добра сезона. Дали можеме да ги победиме? Ќе се бориме, но ние сме аутсајдери“.

„Бајката се случи еднаш и победивме. Се разбира дека сакаме да ја освоиме титулата, но за нас најважно е да останеме во Премиерлигата“.

„Нашиот стил на игра нема да се промени. Да, ќе влеземе во сезоната како шампиони, но сакам моите фудбалери да го имаат истиот пристап и да ги прифатат сите резултати“.

Лестер ќе има многу поголем буџет оваа сезона и очекувањата се дека ќе се засили. Но играњето и во Лигата на шампионите може да ги исцрпи фудбалерите на Раниери, па интересно ќе биде да се види како ќе се снајдат во двете големи натпреварувања.