24фудбал

Јуве најде замена за Мората

Според италијанските медиуми, Алваро Мората е пред заминување од Јувентус, а на негово место би требало да пристигне Доменико Берарди.

Италија

Реал Мадрид има опција за 30 милиони евра да го врати Алваро Мората. Кралскиот клуб ќе ја искористи таа опција и ќе го продаде напаѓачот на Арсенал кој нуди 60 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ информира дека Јувентус веќе е во потрага по замена за Мората и погледите се свртени кон Доменико Берарди.

Јувентус за младиот италијански репрезентативец ќе плати 25 милиони евра, шампионот треба да ги договори и личните услови со Берарди, но тоа не би требало да биде проблем.

Берарди беше еден од клучните фудбалери на Сасуоло за одличната сезона во која изборија настап во Лига Европа.