24фудбал

Ибрахимовиќ ќе му ја земе деветката на Марсијал

Доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во Манчестер јунајтед ќе значи и промена на броевите на дресовите на одредени фудбалери.

Англија

Силно се шпекулира дека првото засилување на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед ќе биде Златан Ибрахимовиќ кој е во потрага по нов клуб.

Според англиските медиуми договорот е блиску до потпис, а Ибрахимовиќ добил ветување дека ќе ја добие и „деветката“.

Бројот девет во моментов го носи Марсијал, на него му била ветена седмицата која му припаѓа на Депај, но се очекува тој да го напушти Олд Трафорд по разочарувачката сезона.