24фудбал

Маскерано се договорил со Јувентус

Шпанските медиуми пишуваат дека Хавиер Маскерано ќе потпише три годишен договор со Јувентус.

Италија

Каталонскиот весник Спорт кој е близок до Барселона тврди дека Хавиер Маскерано ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Јувентус.

Информациите велат дека тој се договорил за три годишна соработка со италијанскиот шампион.

Но сеуште не е постигнат договор помеѓу Барселона и Јувентус, преговорите продолжуваат и се очекува да завршат успешно.