24фудбал

Официјално: Арсенал го потврди трансферот на Џака

Гранит Џака и дефинитивно е ново засилување на Арсенал откако клубот го потврди неговиот ангажман, остануваат уште ситни детали за трансферот да биде комплетиран.

Англија

Веќе нема дилеми, Гранит Џака е ново засилување на Арсенал, клубот преку својот вебсајт го потврди трансферот.

„Арсенал постигна договор со Гранит Џака. Фудбалерот ги помина медицинските тестови и ќе се приклучи на тимот по завршување на Европското првенство. Останува уште да бидат завршени некои регулативи за трансферот да биде комплетиран“ - стои во соопштението.

Џака изрази задоволство што ќе го облече дресот на Арсенал.

„Многу сум горд што доаѓам во Арсенал. Не можам да дочекам да се преселам во Лондон и да го претставувам овој посебен клуб и да играм во Премиерлигата. Ќе дадам се од себе да му помогнам на Арсенал да освојува трофеи и да ги направиме навивачите среќни“ - изјави Гранит Џака.