24фудбал

Како Пелистер го победи Турново (ВИДЕО)

Видео хајлајтс од бараж натпреварот помеѓу Турново и Пелистер.

Видео

Поведе Турново со голот на Сашко Пандев во 4. минута, а потоа Пелистер израмни преку Благојче Марковски од белата точка. Во 24. минута голманот Александар Игески заработи исклучување поради старт надвор од шестнаесетникот, а по изведениот слободен удар нов пенал доби Пелистер откако Ѓорги Стоилов го блокираше ударот со рака. Марковски по втор пат беше сигурен реализатор.

На почетокот на вториот дел пенал имаше и за Турново откако Томислав Илиев беше фаулиран од страна на Бурхан Мустафов, но Горан Пашовски ја прочита намерата на Пандев бранејќи му го ударот.

Сето тоа во видеото: