24фудбал

Челси ја кочи промоцијата на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед

Преговорите за имиџ правата на Жозе Мурињо кои ги поседува Челси го одложуваат неговото назначување за нов менаџер на Манчестер јунајтед.

Англија

Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед постигнаа договор за личните услови на Португалецот, но неговата промоција се одложува поради имиџ правата кои ги поседува Челси.

И покрај тоа што му врачи отказ, Челси има договор со Жозе Мурињо за имиџ правата до 2025 година и се верува дека Манчестер јунајтед ќе треба да им плати на Сините шест цифрена сума за да се раскине тој договор.

Според договорот Челси го поседува името Жозе Мурињо и значи дека тие можат да го користат за продавање на козметики, технологија, облека и накит.

Невообичаено е еден клуб да ги поседува имиџ правата на одредена личност. Манчестер јунајтед мора да го реши овој проблем пред да го потпише договорот со Жозе Мурињо.

Во спротивно Челси може да го тужи Манчестер јунајтед доколку тие имаат било каков производ со името на Португалецот.

Постојат неколку можни опции за решавање на оваа незгодна ситуација која е пречка за реализација на договорот:

- Јунајтед да не го користи името на Мурињо на листата на производи за кои правата ги има Челси (листата која е прилично голема можете да ја погледнете на овој линк)

- Јунајтед да му плати на Челси за лиценцата по што ќе може да го користи името на Мурињо

- Јунајтед да побара од Мурињо да си ги откупи имиџ правата од Челси

Очекувањата се дека ситуацијата наскоро ќе биде решена и Мурињо до крајот на неделата ќе биде промовиран како нов менаџер на Манчестер јунајтед.