24фудбал

Емотивниот Хуанфран сè уште не може да се смири: Еден ден ќе го освоиме пехарот

Играчот кој го промаши пеналот за Атлетико Мадрид, Хуанфран сè уште не може да се помири со поразот во финалето, играчот им се обрати на навивачите и им вети дека ќе го освојат трофејот од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Хуанфран одигра одлично финале, беше асистент за голот на Караско, но промаши во пенал серијата и тоа се покажа како клучно за поразот од градскиот ривал.

По мечот со солзи во очите Хуанфран бараше прошка од навивачите, а сега и со писмо им се обрати.

„Здраво атлетикоси

Побарав од клубот да ви се обратам преку ова писмо и на сите да ви кажам како се чувствувам.

Никогаш нема да ја заборавам вашата поддршка кога отидов да ве молам за прошка. Ги видов своите солзи во отсјајот од вашите лица, од илјадници наши навивачи и тоа многу ми помогна да се изборам со тагата која ја чувствував во тие моменти. Како и поддршката од моите соиграчи, тренери и сите луѓе кои ја создаваат оваа голема фамилија.

Исто така сакам да ви се заблагодарам што верувавте во нас и пред се што докажавте дека да се биде атлетикос е нешто многу посебно, поразлично и дека нашите срца бијат посилно од другите.

Пред две години ви реков дека ќе се вратиме во финалето и ќе го освоиме пехарот. Сега ви велам дека нашиот капитен Габи порано или подоцна ќе го крене пехарот од Лигата на шампионите и ние сите заедно ќе славиме на Нептуно (плоштад во Мадрид).

Ве сакам многу, НАПРЕД АТЛЕТИ“.