24фудбал

Голманката на Атлетико Мадрид ризикува да биде избркана, ја славела титулата на Реал Мадрид! (ФОТО)

Голманката на женскиот Б тим на Атлетико Мадрид, Сара Езкуеро можно е да биде избркана од клубот откако се појавија фотографии како ја слави 11. европска титула на Реал Мадрид.

Шпанија

Големо е ривалството помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, во главниот град на Шпанија или си бел или црвено-бел, средина нема, особено ако настапуваш за некој од овие два клуба.

Токму затоа голманката Сара Езкуеро се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност откако била видена како низ улиците на Мадрид ја слави европската титула на Реал.

Според Марка, клубот свикал кризен состанок за да се справи со случајот, не се исклучува можност голманката да биде избркана од Атлетико Мадрид.