24фудбал

Роналдо не сакал да го размени дресот со Гунарсон: Кој си ти?

Германскиот весник Билд пишува дека Кристијано Роналдо одбил да го размени дресот со Арон Гунарсон и открива каков бил разговорот помеѓу двајцата фудбалери

ЕУРО 2016

По ремито од 1-1 против Исланд, Португалецот покажа дека не знае да се помири со неуспех и рече дека Исланд „има менталитет на мала екипа“ и дека „на освоениот бод се радуваа како да освоиле трофеј а на крајот нема да направат ништо“.

Билд сега го открива и разговорот помеѓу CR7 и Арон Гунарсон по последниот свиреж на судијата, кога фудбалерот на Исланд се обиде да го размени дресот со Кристијано Роналдо.

Весникот пишува дека Роналдо во два наврати го игнорирал барањето на Гунарсон, а кога фудбалерот на Исланд прашал и по трет пат, следувал дрзок одговор од ѕвездата на Реал Мадрид: „Да го заменам дресот? Кој си ти?

Па Билд го опиша Кристијано Роналдо како „најарогантниот и највообразениот фудбалер во светот“.