24фудбал

Перишиќ: Ние гинеме на теренот, а на крај некоја група од малку луѓе ќе упропасти се

Хрватските фудбалери се разочарани од групата на хулигани кои сакаат да и наштетат на својата репрезентација и го прекинаа денешниот меч против Чешка.

ЕУРО 2016

Хрватска го игра најдопадливиот фудбал на Европското првенство, фудбалерите се крајно мотивирани да направат успех во Франција, гинат на теренот, но сето тоа може да го сруши една група на хулигани која не и мисли добро на својата земја.

„Мислам дека не е вредно да се зборува за овие навивачи. Не знам, ние толку се бориме, трчаме, се трудиме, а потоа група од малку луѓе ќе направат такви глупости“ - вели Перишиќ.

„Не знам што да се прави, кое е решението. Секоја чест на вистинските навивачи кои цело време ни даваат поддршка, од загревање па се до последниот свиреж на судијата“.