24фудбал

Варди има необичен режим, не оди во теретана, пие Ред Бул и џвака тутун

Џејми Варди проговори за неговиот необичен режим, напаѓачот ја избегнува теретаната но затоа пак пие Ред Бул и џвака тутун

ЕУРО 2016

Напаѓачот го привлече вниманието оваа недела откако беше фотографиран како пристигнува на тренинг со енергетски пијалок и тутун за џвакање.

Џејми Варди сега проговори за неговиот необичен режим и истакна дека нема намера да се промени.

„Доколку одам во теретана, ќе загубам од брзината. Не сакам да работам со тегови, во неколку наврати ме убедуваа, но не успеаа – вели ѕвездата на Лестер.

„Секоја личност е различна и ова е мојот начин на функционирање.

„Сигурен сум дека доколку некој друг се обиде да го прави она што јас го правам нема да му успее.

Некои дури сугерираа дека изборот на стимуланси што го користи Џејми Варди (никотин и кофеин) е сомнителен, но напаѓачот вели дека најпрво се консултирал и добил зелено светло од лекарскиот тим.

„Проверив со медицинскиот тим и нема ништо погрешно.

„Но тоа не е секојдневна рутина за мене. Едноставно тој ден почуствував дека ми е потребен Ред Бул за да ме разбуди.