24фудбал

Шаќири: Се надевам дека Пума не произведува кондоми

Џердан Шаќири се шегува на сметка на Пума откако на средбата со Франција се скинаа дури пет дреса на Швајцарија, германскиот производител на спортска опрема вети дека ова нема да се повтори

ЕУРО 2016

Репрезентативците на Швајцарија имаа големи проблеми со дресовите на натпреварот со Франција, откако четворица играчи (Мехмеди, Емболо, Џемаили и Џака) останаа со скинати дресови во првото полуврема и мораа да добијат нови, а Џака мораше одново да го смени дресот и во вториот дел.

По крајот на средбата, Џердан Шаќири на шега рече: „Се надевам дека Пума не произведува кондоми.

По ваквата бламажа се огласи и германскиот производител на спортска опрема и вети дека ова нема да се повтори.

Пума вели дека дресовите се искинале поради дефектна серија на материјал кој бил употребен за производство на само лимитиран број на дресови.