24фудбал

Зоран Мамиќ го напушти Динамо Загреб, Златко Крањчар на негово место?

Динамо Загреб против Вардар ќе игра со нов тренер откако Ал Наср и официјално го потврди Зоран Мамиќ, се шпекулира дека Златко Крањчар ќе биде негов наследник.

Лига на Шампиони

Веднаш по ждрепката во која го добија Вардар, Зоран Мамиќ излезе со изјава за македонскиот шампион, но брзо потоа дојде информацијата дека тој заминува од Динамо Загреб.

Клубот од Саудиска Арабија, Ал Наср го потврди ангажманот на Зоран Мамиќ и објави дека тој потпишал едногодишен договор со клубот.

Според „Јутарни лист“, легендарниот Златко Крањчар ќе биде новиот тренер на Динамо Загреб.

Крањчар е вистинска легенда на Динамо Загреб. Тој потекнува од младинската школа на овој клуб, во сениорскиот тим настапува цели десет години пред да замине во Рапид Виена.

Доколку биде назначен на местото од Зоран Мамиќ тоа ќе биде негова трета тренерска авантура на клупата на Динамо Загреб.